Најбитните три работи за успех на бизнисот се:
- Локација;
- Локација и
- Локација
Истото е и со вашата веб страна или вашата веб продавница. Битно е на кое место се наоѓа, или поточно колкава е фрекфентноста на луѓе кои ја посетуваат вашата веб страна / продавница.
Во овој случај Интернет маркетингот е најбитната алатка за промоција на вашата нова веб страна, или вашата интернет продавница, при што нуди инстантно повикување на потенцијалниот посетител да ја посети вашата веб страна, а потоа и да направи соодветна активност, станувајќи ваш клиент.
Денеска Интернет маркетингот се состои од повеќе елементи како што се банери или знаменца на портали кои ја имаат истата целна група како и вие самите, реклами на социјалните медиуми и користење на социјалните медиуми како начин за пристап до вас како компанија и до вашата веб страна.
Нова Солутионс има големо искуство во сите овие елементи и може во ваше име да го води вашиот Интернет ПР и да се грижи за вашите социјални профили.
Горе на сликата може да видите реален резултат од еден наш клиент со зголемување на посетеност на веб страна од 270%.



