Веб дизајн | Развој на веб страни | Интернет Мaркетинг | Дизајн на веб апликациии

Е-пошта Печати PDF

Сведоштво за одржување на веб страна на ФФРМ, РЦ Битола

Веб страната на ФФРМ лесно се пребарува и има добра прегледност. Посебно вестите од одделните Центри на ФФРМ.
Редовно е надоплнувана со нови содржини, корисни за нашите членови. Можноста за добивање на повратни информации од посетителите, во вид на анкета е исто корисна за нашето работење.
Опцијата за внесување на нови содржини е доста едноставна и лесно применлива.
Дизајнот на веб страната е одличен. На целата страна, применетите бои и слики ја означуваат Федерацијата и посебностите на одделните Центри. На тој начин ја кажуваат приказната за нас.
Елена Главеска, Координатор и администратор на РЦ Битола при ФФРМ
Е-пошта Печати PDF

Сведоштво за одржување на веб страна на ФФРМ, РЦ Струмица

Веб страната на ФФРМ ја користам како начин за пласирање на информации до членството. Задоволна сум од тоа што е лесна за користење т.е. можам и сама да внесувам податоци на истата кои сметам дека се потребни за фармерите.
На нашата веб страна има голем број на информации кои се корисни, но нај битно од се е што постојано се абдејтира така да нашите читатели можат да се хранат со точни, навремени и реални информации. При пишувањето на информации на истата добиваме совети и инструкции од нашиот колега кој во секое време од денот ни е достапен, и несебично ги дели своите знаења со нас. Дизајнот на веб стрaната според мене е привлечен и лесен за читање.
Направен е според вкусот на нашата целна група- фармерите. Голем дел од нив доаѓаат и ни соопштуваат дека редовно ја посетуваат нашата веб страна, која можам да кажам е единствена веб страна од таков карактер во Р. Македонија.
Ние, а пред се фармерите се задоволни бидејќи на веб страната можат да најдат информации кои се од големо значење за нивниот бизнис.
Љубинка Дивјакоска,Советник за услуги, РЦ Струмица при ФФРМ
Е-пошта Печати PDF

Сведоштво за одржување на веб страна на ФФРМ, РЦ Гостивар

Добро е тоа што секој центар сам си ги внесува своите активности, но не ми се допаѓа тоа што сите активности излегуваат на почетната страна. Сметам дека е потребно да има човек кој ќе ги внесува активностите на Главната Канцеларија (ФФРМ) и тоа да биде на почеток, односно да има човек кој постојано ќе ја ажурира и ќе ги става сите новости и актуелности од областа на земјоделието. Да се уреди убаво делот за членството и улугите на ФФРМ, како и да се објавуваат дел од написите во Моја Земја.
Секоја чест за дизајнерите.
Апсолутно ќе ги препорачам услугите на Нова Солутионс на други затоа што станува збор за вистински експерти.
Лилјана Кипроска, Администратор во РЦ Гостивар при ФФРМ

Страница 9 од 10

YOU ARE HERE: